Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мелони и Фон дер Лејен на Лампедуза ги повикаа европските партнери на солидарност

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска од Лампедуза ги повикаа европските партнери да и помогнат на Италија во управувањето со миграциските текови од северна Африка и да прими дел од мигрантите кои го преминале Средоземното Море.

„Овде е во прашање иднината што Европа ја сака за себе, бидејќи иднината на Европа зависи од нејзината способност да се соочи со големи предизвици“, изјави Мелони во Лампедуза, каде што секое лето пристигнуваат десетици илјади мигранти.

Фон дер Лајен рече дека „нерегуларната имиграција е европски предизвик кој бара европски одговор“.

Таа апелираше до „земјите-членки да ги пречекаат“ доброволно мигрантите кои стигнуваат до Италија.

Мелони им забележа на европските партнери за недоволната солидарност кон Италија, која од почетокот на годината прими речиси 130.000 мигранти на своја територија.

Фон дер Лајен и Мелони денеска го посетија прифатниот центар, а потоа и пристаништето во Лампедуза, каде се закотвени десетици импровизирани чамци на кои се качуваат мигрантите на пат кон Европа.

Треба да знаете
Moже да ве интересира