Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека реформата на правилата за азил на Европската унија не е одржливо решение што ќе ја намали илегалната миграција и дека на прво место мигрантите треба да се спречат да стигнат до ЕУ.
„Мислам дека новите правила се подобри од претходните. Но, тие не се решение. Никогаш нема да го решиме проблемот ако размислуваме како да се однесуваме со мигрантите штом ќе пристигнат во Европа“, рече Мелони.
Таа повтори дека смета дека на прво место мигрантите треба да се спречат да стигнат до Европа. Едно од решенијата, рече таа, се договори со земјите од нивното потекло, за да не одат ниту на патување во Европа.
Оваа година Италија, како земја која претседава со групата Г7 од седумте индустриски најразвиени демократии, планира да го направи прашањето за илегалната миграција од Африка една