Мерц: Инцидентот во Овалната соба беше однапред поставена замка за Зеленски

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Фридрих Мерц, конзервативецот кој треба да стане германски канцелар откако освои најголем дел од гласовите на изборите пред една недела, посочи дека расправијата во Овалната соба во петокот е однапред поставена замка за украинскиот лидер.

„Тоа не беше спонтана реакција на интервенциите на Зеленски, туку очигледно смислена ескалација“, рече тој.

„Сега мора да покажеме дека сме во позиција да дејствуваме независно во Европа“, рече тој.

Приватно, европските функционери се налутија поради она што го гледаа како предавство на Украина, која претходно уживаше силна поддршка од САД по руската инвазија.

Еден висок функционер после состанокот изјави: „Доналд Трамп треба да избере дали сака да се нарече лидер на слободниот свет или водач на банда изнудувачи. Второто не е интересно за Европа“.

Зачлени се на нашиот е-билтен