Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа

Фридрих Мерц, шефот на германската ЦДУ, кој се очекува да ја преземе функцијата германски канцелар, предупреди дека ситуацијата на светските пазари на акции и обврзници може дополнително да се влоши.

  • Пазарите се во драматична состојба што се заканува со понатамошна дестабилизација, рече Мерц.

Тој нагласи дека сега „поважно од кога било е Германија што побрзо да ја врати меѓународната конкурентност“, а ова прашање треба да биде во центарот на коалициските преговори на неговата конзервативна опција со социјалдемократите.

Мерц е за пониски даноци, намалување на бирократијата и пониски цени на енергијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен