Металската и електроиндустријата во Германија продолжуваат со масовни отпуштања

Металската и електроиндустријата во Германија продолжуваат со масовни отпуштања, при што само во јуни беа укинати речиси 14.000 работни места, јавува dpa.

Според податоците на германската асоцијација на работодавачи, во првата половина од годината бројот на укинати работни места во овие сектори се искачи на 76.000. „Бизнисот во Германија е под огромен притисок од трошоците за енергија, даноци, социјални придонеси и бирократија“, истакна шефот на здружението Ларс Кремер.

Покрај тоа, Кремер посочи и на глобалните економски предизвици, како што се американските царини, кои дополнително го оптоваруваат секторот.

Во јуни, во металската и електроиндустријата во Германија биле вработени 3,82 милиони лица, што е за 104.000 помалку отколку пред една година. Од 2023 година, бројот на укинати работни места достигна 154.000.

Според асоцијацијата, секое укинато работно место значи загуба од околу 100.000 евра годишно во додадена вредност за германската економија. Во споредба со 2019 година, ова значи речиси 25 милијарди евра помалку.

Зачлени се на нашиот е-билтен