Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицотакис: Со Ердоган можеме да направиме чекори на напредок во корист на двата народи

Верувам дека со Ердоган можеме да направиме еден прв чекор во рестартирање на односите меѓу Грција и Турција, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигувањето на НАТО Самитот во Вилнус, а во однос на утрешната средба со турскиот претседател истакна дека има простор да се направат чекори на напредок во корист на двата народи, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис потенцираше дека иако постојат значајни разлики „не сме осудени да живееме со Турција во постојана клима на тензии“ и додаде дека можат да се согласат, врз основа на добрососедските односи и почитувањето на меѓународното право, да направат мапа за решавање на единствената разлика односно одредување на поморските зони и континенталниот гребен во Егејското Море и Источниот Медитеран.

-Во последниве месеци се создаде позитивна клима во односите меѓу нашите две земји и се надевам и очекувам дека можеме да ја надградиме оваа позитивна клима и да направиме некои важни чекори на напредок. Чекори на напредок кои очигледно ќе бидат во корист на нашите два народи, истакна Мицотакис.

Во однос на НАТО Самитот рече дека со оглед на тоа што се уште трае руската инвазија во Украина, „попотребна од било кога е реафирмација на основните принципи и вредности на Алијансата“ и паралелно ја поздрави одлуката на Турција за членството на Шведска во НАТО.

Зачлени се на нашиот е-билтен