Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мишел: Случувањата со „Вагнер“ се внатрешна работа на Русија

 Лидерите на европските институции најавија дека внимателно го следат развојот на ситуацијата во Русија по бунтот на приватната паравојска против руските власти, наведувајќи дека тоа е внатрешна работа на Русија.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Твитер објави дека внимателно го следи развојот на ситуацијата во Русија и дека е во контакт со лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) и Г7.

„Ова е јасно внатрешно прашање на Русија“, рече Мишел и додаде дека поддршката за Украина останува непоколеблива, пренесува Радио Слободна Европа.

Портпаролот на претседателот на Европската комисија, Ерик Мамер, исто така рече дека тоа е внатрешна работа на Русија. 

Најново