Мистериозната мумија наречена „Башири“ ги збунува египтолозите повеќе од еден век, но никој од нив сè уште не ја „отпакувал“.
Мумијата позната како „Недопирливиот“ е откриена пред речиси еден век во Долината на кралевите, во античкиот град Луксор. Познатиот египтолог Хауард Картер го пронашол во 1919 година, три години пред да ја открие прекрасната гробница на Тутанкамон.
Начинот на кој се врзани завоите на оваа мумија не е забележан кај ниту едно друго египетско мумифицирано тело. Начинот на кој ткаенината е наредена на лицето на мумијата е исклучително детален и наликува на архитектонските форми на египетските пирамиди.
Прецизноста и вештината користени во мумификацијата сугерираат дека оваа личност имала висок статус во древното египетско општество. Сепак, нејзиниот идентитет останува непознат, бидејќи отворањето на крпата може неповратно да ја оштети уникатната техника на балсамирање.
Кој беше Башири?
Иако научниците не можат директно да ја отворат мумијата, тие користеле современи методи како КТ скенови и рендген за да добијат увид во нејзината содржина.
Резултатите покажале дека мумијата „Башири“ припаѓала на човек висок околу 167 сантиметри кој живеел во периодот на Птоломеј, помеѓу 3 и 2 век п.н.е. – ера кога уметноста на мумификација го достигнала својот врв.
Мумијата нуди ретка можност за проучување на погребните ритуали од тоа време и денес се чува во Египетскиот музеј во Каиро.
Посебно е интересно што мотивите на ткаенината, како што се украсните слоеви на градите, содржат елементи како мониста и куки во облик на глава на сокол – симбол на богатство и моќ. Покровот на телото прикажува сцени во кои покојникот лежи на кревет опкружен со божиците Изида и Нефтис. До него се четирите синови на богот Хорус, додека на неговите нозе се насликани два прикази на Анубис, богот на подземјето.
Зошто научниците не можат да отворат мумија?
Иако отворањето на завојот би било најлесниот начин да се добијат повеќе информации за оваа личност, ткаенината е исклучително кревка и може неповратно да се уништи. Затоа се користат неинвазивни методи на проучување, пишува Euronews.
Единствената трага за идентитетот на овој човек е набрзина напишаниот натпис во гробницата, на кој можеби пишува „Башири“ или „Нено“. Сепак, експертите се уште не можат со сигурност да потврдат кое име е точно.