Моди му кажа „не“ на Трамп – замина во историска посета на Хрватска

Индискиот премиер Нарендра Моди ја одби поканата на американскиот претседател Доналд Трамп за брза посета на Вашингтон веднаш по самитот на Г-7 во Канада, откри државниот секретар за надворешни работи Викрам Мисри. Моди образложил дека агендата му е веќе исполнета, па наместо во САД отпатува за Загреб, станувајќи првиот индиски премиер што ја посетил Хрватска.

„Моето доаѓање е историска можност за продлабочување на партнерството со оваа ценета земја“, порача Моди на „X“, најавувајќи средби со претседателот Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ.

Во телефонски разговор со Трамп, индискиот лидер нагласил и дека мајскиот прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан бил договорен директно меѓу двете армии, без американско посредништво, потврди индискиот МНР.

Зачлени се на нашиот е-билтен