Молдавија е на европски пат, покажуваат резултатите на парламентарните избори

Молдавија е на европски пат
EPA/DUMITRU DORU

Молдавија е на европски пат, покажуваат резултатите на парламентарните избори. Проевропската Партија за акција и солидарност (ПАС), предводена од претседателката Маја Санду, доби 50,03% од гласовите на парламентарните избори, со преброени 99,5% од гласовите.

Прорускиот Патриотски блок освои 24,26% од гласовите, според податоците објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК).

Излезноста на гласачите достигна околу 52% од регистрираните гласачи, или над 1,6 милиони луѓе. Повеќе од 243.000 гласови дадоа молдавската дијаспора. Според ЦИК, пребројувањето на гласовите од странство сè уште не е завршено.

Молдавската претседателка Маја Санду им се заблагодари на граѓаните дома и во странство за нивното учество и рече дека високата излезност е знак на силна посветеност на демократскиот процес.

Молдавија, со население од околу 2,4 милиони, останува една од најсиромашните земји во Европа. Гласачите јасно изразија и поддршка за проевропскиот курс на Санду и незадоволство од економската состојба и социјалните тешкотии што продолжуваат да влијаат на ставовите на јавноста.

Зачлени се на нашиот е-билтен