Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На товарен брод во Венеција откриени 850 килограми кокаин во вредност од 150 милиони евра

 Италијанските власти откриле 850 килограми кокаин на товарен брод во близина на Венеција, а според грчките медиуми, станува збор за брод во сопственост на грчка компанија, јави дописничката на МИА од Атина.

Кокаинот, откриен во 570 пакувања е во вредност од 150 милиони евра.

Грчките медиуми денеска пишуваат дека конкретниот брод Атлас плови под либериско знаме и е во сопственост на грчката бродска компанија Ласкаридис. 

Зачлени се на нашиот е-билтен