Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На Трамп не му се допаѓа дека знамето на САД ќе биде на пола копје за време на неговата инаугирација

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се спротивстави на фактот дека за време на неговата инаугурација на 20 јануари американското знаме ќе биде спуштено на половина копје поради смртта на поранешниот претседател Џими Картер.

Трамп истакна дека поради смртта на Картер, американското знаме „за прв пат во историјата ќе биде спуштено на половина копје за време на инаугурацијата на иден претседател“.

„Демократите се „воодушевени“ што нашето славно американско знаме ќе биде на половина копје за време на мојата инаугурација“, рече Трамп во петокот на својата социјална мрежа Truth Social.

Зачлени се на нашиот е-билтен