Национален штрајк ги парализира летовите на аеродромот „Шарлероа“

На 14 октомври во Белгија нема да се реализира ниту еден лет од аеродромот „Шарлероа“. Управата на аеродромот соопшти дека сите поаѓања и пристигнувања се откажуваат поради националниот штрајк организиран од синдикатите.

„Поради националниот ден на акција и недостаток на персонал за безбедно одвивање на сообраќајот, сите летови на 14 октомври ќе бидат анулирани“, стои во известувањето пренесено од „Ројтерс“.

Синдикатите во Белгија најавуваат целодневен штрајк како протест против владините мерки за штедење.

Зачлени се на нашиот е-билтен