Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Над 10.000 смртни случаи од огнено оружје во САД од почетокот на годината

Повеќе од 10.000 луѓе во САД загинале од оружено насилство заклучно со 28 март, објави во вторникот Gun Violence Tracker, објави АФП.

Според непрофитната истражувачка група, досега оваа година имало 130 масовни престрелки.

Тракерот покажува дека бројот на луѓе кои се самоубиле со огнено оружје од почетокот на годината достигна 5.742, а уште 4.266 лица загинале во убиства, несреќни пукања и одбранбена употреба на оружје. Повеќе од 7.500 луѓе беа повредени.

Што се однесува до малолетниците, во истите инциденти загинаа 59 деца на возраст од 0 до 11 години и 347 деца на возраст од 12 до 17 години.

Во понеделникот, државата Тенеси се најде на насловните страници со масовното пукање во училиште во Нешвил, каде што беа убиени три деца и тројца возрасни во приватното основно христијанско училиште Covenant School.

Тешко вооружениот напаѓач, Одри Хејл (28), поранешна ученичка во училиштето, која се идентификуваше како трансродова, потоа беше убиена за време на престрелката со полицијата.

Претседателот Џо Бајден повторно порача дека Конгресот мора да дејствува решително за да го запре оруженото насилство во земјата.

„Ја исцрпив целата моја извршна моќ за да направам нешто сам за оружјето“, рече Бајден. „Мнозинството од американскиот народ мисли дека поседувањето оружје е чудна, луда идеја. Луѓето се против тоа“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира