Најбогатите 50 семејства во Обединетото Кралство поседуваат повеќе богатство отколку најсиромашните 50 отсто од населението – односно повеќе од вкупниот имот на 34 милиони луѓе, покажува најновата анализа на организацијата „Иквлити Траст“ (Equality Trust).
Бројот на британски милијардери се зголемил од 15 во 1990 година на 165 во 2024 година, што исто така укажува на значителен дисбаланс во распределбата на богатството, пренесува Гардијан.
Анализата покажува дека просечното богатство на милијардерите се зголемило за повеќе од 1.000 проценти во последните три децении, додека во исто време социјалните нееднаквости се влошиле.