Меѓународната организација за миграција во Либија денеска соопшти дека најмалку 73 мигранти се водат како исчезнати и се претпоставува дека настрадале во вчерашниот бродолом во близина на либискиот брег.ИОМ наведе дека седум луѓе го преживеале бродоломот и се вратиле на либискиот брег, откако потонал бродот со 80 луѓе.Мигрантите се обидувале да пристигнат до Европа.