Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку седум Палестинци загинаа во израелски напад со дронови на Западниот Брег

 Најмалку седум Палестинци загинааа кога израелски беспилотни летала нападнаа упориште на екстремистите на окупираниот Западен Брег, а стотици израелски војници беа распоредени во областа.

Рацијата потсетува на големи воени операции за време на втората интифада, палестинскиот бунт против израелската окупација пред две децении.

На рацијата и претходеше притисок да се одговори силно на серијата напади врз еврејските доселеници, вклучително и нападот на 20 јуни во кој загинаа четири лица.

Палестинските медиуми објавија дека за време на рацијата снемало струја и воен булдожер возел низ тесните улички, потсетувајќи на израелските упади за време на последното палестинско востание.

Потполковник Ричард Хехт, портпарол на израелската војска, изјави дека операцијата започнала околу 1 часот по полноќ со воздушен напад врз зграда што ја користеле екстремистите, со цел да се конфискува и уништи нивното оружје.

Тој објасни дека во операцијата учествуваат околу 2.000 војници и дека воените беспилотни летала извршиле серија напади за да им го отворат патот на копнените сили. 

Зачлени се на нашиот е-билтен