Најмалку три лица загинаа, а стотина се повредени во излетување на воз во Египет

Најмалку три лица загинаа
Abdelrhman 1990, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Најмалку три лица загинаа, а 94 се повредени кога патнички воз излета од шините во египетската област Матрух во северниот дел на земјата.

Несреќата се случила кога возот, кој сообраќал на линијата Александрија-Матрух, од непознати причини излетал од шините, при што се превртеле повеќе вагони, пренесуваат светските медиуми.

На местото на настанот беа испратени 30 амбулантни возила, а повредените биле пренесени во централната болница во Даба и болницата во Рас ел Хекма, каде што им била обезбедена медицинска помош.

Зачлени се на нашиот е-билтен