Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку три лица загинаа во земјотрес на Хаити

Умерено силен земјотрес утринава го погоди западниот дел на Хаити, при што според медиумите загинаа најмалку три лица, а неколку се повредени, додека островската држава се бори со последиците од поплавите во кои загинаа 42 лица за време на викендот.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од само 10 километри, бил во близина на областа Лес Абрикотс во департманот Гранд Анс. Претставник за службата за катастрофи на Хаити изјави дека досега се потврдени три смртни случаи по уривање на куќа.

Слабата инфраструктура ја направи земјата ранлива од природни катастрофи. Денешниот земјотрес се случи само неколку дена откако Хаити се соочи со смртоносни поплави, што предизвика повици за меѓународна помош.

Зачлени се на нашиот е-билтен