Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Наместо државен секретар, Гренел од Трамп доби само функција специјален пратеник. Кој е Ричард Гренел?

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе го назначи Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, за претставник на претседателот за специјални мисии и политика кон некои непријателски држави, вклучително и Северна Кореја.

– Рик ќе работи на некои од најжешките точки во светот, вклучувајќи ги и Венецуела и Северна Кореја, објави Трамп на Трут Соушл, без детали за новите должности на Гренел, кој беше и специјален пратеник на претседателот за преговорите меѓу Белград и Приштина од 2019 до 2021 година.

Кој е Ричард Гренел?

Ричард Гренел е американски дипломат и политичар кој е познат по блиската соработка со Доналд Трамп. Беше американски амбасадор во Германија, а во 2020 година накратко беше директор на Националната разузнавачка служба.

Тој имаше особено значајна улога како специјален претседателски пратеник за преговорите меѓу Србија и Косово. Гренел беше клучна фигура во процесот што доведе до потпишување на Договорот од Вашингтон во 2020 година, чија цел беше нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.

Гренел претходно беше во игра за функции на високо ниво во администрацијата на Трамп, вклучувајќи ја и функцијата државен секретар, но Трамп на крајот го назначи на друга позиција.

Ричард Гренел од изборот на Христијан Мицкоски за премиер имаше две средби со претседателот на Владата на Северна Македонија. Еднаш во Вашингтон, а на средбата во Скопје разгледувана била можноста за евентуално американско учество во енергетскиот проект „Чебрен“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен