Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Напад на воената академија во Могадишу, најмалку 25 војници загинаа, 40 се ранети

Најмалку 25 војници загинаа, а околу 40 се ранети денеска во напад на бомбаш самоубиец на воената академија во сомалискиот главен град Могадишу.

Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група Ал Шабаб, пренесува Блумберг.

„Војниците стоеја во редот кога бомбашот самоубиец се разнесе“, изјави капетанот на сомалиската армија Али Фарах.

Воената кампања што ја започнаа владините сили и сојузничките милиции минатата година ја принуди Ал Шабаб, група поврзана со Ал Каеда, да ги напушти големите делови од територијата во јужна Сомалија, но милитантите продолжија да вршат смртоносни напади.

На крајот на мај, во нападите на Ал Шабаб загинаа најмалку 54 мировници од Уганда во база јужно од Могадишу.

Ал Шабаб се бори од 2006 година за да ја собори централната влада на Сомалија и да воспостави сопствено владеење, врз основа на строго толкување на исламскиот шеријатски закон. 

Зачлени се на нашиот е-билтен