НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека американските воени авиони бомбардирале ирански нуклеарни објекти, изјави денеска официјален претставник на Алијансата.
Анонимниот претставник, коментирајќи ја евентуалната реакција на НАТО и можното влијание на американската воена акција врз Северноатлантската алијанса, рече „дека ситуацијата, секако, се следи внимателно“.
НАТО идната недела организира самит во Хаг, а се очекува дека, покрај ситуацијата во Иран, главни теми ќе бидат конфликтот во Украина и зголемувањето на воените трошоци од страна на земјите-членки.