Иницијативата „Кој е следен?“ и оваа сабота најавува дека ќе оди да ги поддржи родителите во Кочани, за што организира и превоз.
„Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек нè намалува сите нас, бидејќи и ние сме опфатени од општеството. Затоа не прашувај каде треба да бидеш во сабота? Одиме во Кочани. Не смееме да ги оставиме сами! Протестот во Кочани почнува во 16:05 кај Паркот на Револуцијата“, стои во најавата.
Ова е втора сабота по ред, како тие им се придружуваат на родителите кои ги изгубија своите чеда во страшната трагедија. Тие на улиците, со молк испраќаат силна порака – дека следат и чекаат одговорност.