Не се знае каде е Башар ал Асад, мистериозен транспортен авион „Иљушин“ исчезнал Flightradar24. Околу времето кога бунтовниците, наводно, го зазеле Дамаск, авион на Сириja Ер полетал од аеродромот во Дамаск, според Flightradar24, сервисот за следење летови.
Според Флајт Глобал, станува збор за транспортен авион „Иљушин Ил-76“ управуван од „Сирија ер“ со кој долгогодишниот претседател, наводно, побегнал од Дамаск, откако молскавично напредување на бунтовничките борци стигна до периферијата на главниот град на 7 декември.
Првично авионот се упатил кон крајбрежниот регион на Сирија, но веднаш после тоа направи ненадејно свртување од 180 степени во спротивна насока по што исчезнач од радарот.
Два сириски извори шпекулираа дека авионот можеби бил соборен. „Авионот исчезна од радарот, можеби транспондерот е исклучен, но верувам поголема и во веројатноста дека авионот е соборен“, рече еден извор, одбивајќи да елаборира дополнително.
Брзото напредување на бунтовниците поттикна шпекулации и гласини за можното бегство на Асад.
Некои веруваат дека тој може да побара азил во Москва или Техеран, неговите клучни сојузници. Сепак, спротивставените вести не одат во прилог на потврда на било која информација.
Сириските државни медиуми, од саботата, инсистираа дека Асад се уште е во Дамаск.
Иранските новински агенции објавија и фотографија на која наводно се гледа Асад средба со највисок ирански функционер во Дамаск. Сепак, со влезот на бунтовниците во Дамаск, државните медиуми замолкна.
Вториот лет што може да се следи како заминува од Сирија во саботата по полноќ бил комерцијален авион кој се упатил кон Обединетите арапски емрирати, неколку часа по падот на Хомс. Дали Асад и неговото семејство беа на одборот останува непотврдено.