Недостаток на инспирација: Кинезите претставија луксузен автомобилски бренд со чудно име

Името на новиот кинески луксузен бренд автомобили би можело да ве изненади.

Ако ги парафразираме зборовите од една позната песна – чудни автомобили со чудни имиња продолжуваат да доаѓаат од Кина, а сега го освојуваат и австралискиот пазар. Кинескиот MG Motor таму претстави нов луксузен бренд, што беше и очекувано.

Неочекувано, пак, е името на марката. Новите кинески премиум автомобили се претставуваат под името IM Presented by MG Motor, пишува CarExpert. По купувањето и оживувањето на некогашната британска марка MG, сега одлучија да ја искористат за воведување на уште еден бренд.

IM Motors – плод на големи партнерства
IM Motors произведува електрични возила од 2020 година, како резултат на соработката меѓу SAIC Motor, Alibaba Group и Zhangjiang Hi-Tech. Од тогаш, брендот се етаблираше на кинескиот пазар, а неодамна го прошири своето присуство и на Тајланд – уште едно пазиште со волан на десната страна.

Два нови модели за Австралија
За австралискиот пазар се потврдени два модели:

IM5 седан (познат во Кина како L6)

IM6 SUV (познат како LS6)

IM6 SUV има голем потенцијал во Австралија, каде што SUV возилата се исклучително популарни меѓу купувачите.

Во Кина, IM6 се нуди со различни погонски опции. Основната верзија со погон на задните тркала испорачува 216 kW моќност и 450 Nm вртежен момент, со забрзување до 100 км/ч за 6,4 секунди. Најмоќната варијанта со два мотори и погон на сите тркала располага со 579 kW моќност и 800 Nm вртежен момент, постигнувајќи 100 км/ч за импресивни 3,48 секунди.

Капацитетот на батериите варира од 75 до 100 kWh, обезбедувајќи автономија од 625 до 802 км според оптимистичкиот кинески CLTC циклус.

IM5 е дизајниран како конкурент на Tesla Model 3 и BMW i4, со исти опции за погон и перформанси како IM6 SUV.

Напредна технологија и луксуз
Двата модела доаѓаат со најсовремени технолошки карактеристики, вклучувајќи:
– 26,3-инчен и 10,5-инчен допирен екран, со опционален 15,5-инчен екран за совозачот
– Воздушна суспензија
– Функција за вртење во место (т.н. “tank turn”)
– Аудио систем со 20 звучници
– Греени, вентилирани и масажни предни седишта
– Специјални опции за миленици и кампување

Австралија – новото големо автомобилско поле
Овие модели ќе бидат претставени во април во Мелбурн, како дел од сè поголемата електрична понуда на MG во Австралија.

Овој потег ја одразува амбицијата на MG да стане еден од трите најпродавани автомобилски брендови во Австралија до 2030 година. Со конкурентната и разновидна понуда на модели, изгледа дека се на добар пат да го постигнат тоа.

Зачлени се на нашиот е-билтен