Неексплодирана бомба од Втората светска војна пронајдена во Хирошима

Предмет за кој се сомнева дека е неексплодирана бомба од Втората светска војна е пронајден на кампусот на Универзитетот во Хирошима, соопшти локалната полиција.

Објектот, долг околу 90 сантиметри и со дијаметар од 25 сантиметри, бил откриен на градилиштето во кампусот Касуми, во округот Минами, пренесе Кјодо.

Бомбата ја пронашле работници за време на ископувања, како дел од уривањето на старата зграда на Фармацевтскиот факултет.

Пристапот до местото е ограничен, а наставата е откажана.

На локацијата биле повикани припадници на Силите за самоодбрана со цел безбедно да го отстранат сомнителниот предмет.

Кампусот се наоѓа на околу 1,8 километри јужно од главната железничка станица во Хирошима.

Зачлени се на нашиот е-билтен