Нема да се мешаме во војна што не нè засега“ – Џеј Ди Венс за Индо-пакистанските тензии

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, во четвртокот изјави дека Индија и Пакистан треба да ги намалат тензиите, но нагласи дека САД не можат да контролираат нуклеарно вооружени азиски земји и дека евентуална војна меѓу нив не би се однесувала на Вашингтон.

„Сакаме оваа ситуација да се деескалира што е можно побрзо. Но, ние не можеме да ја контролираме оваа земја. Можеме само да ги охрабриме страните да ја намалат напнатоста, но нема да се вмешаме во војна што суштински не нè засега и врз која Америка нема контрола“, изјави Венс во интервју за Fox News.

Индија е важен стратешки партнер на Вашингтон во обидот да се спротивстави на растечкиот кинески влијание, додека Пакистан сè уште се смета за сојузник на САД, и покрај намалениот интерес по повлекувањето на американските трупи од Авганистан во 2021 година.

Што велат аналитичарите?

Според анализи и изјави на поранешни американски функционери, вклученоста на САД во дипломатските напори поврзани со војната во Украина и конфликтот во Газа, може да доведе до тоа Вашингтон да ги остави Индија и Пакистан сами во првите денови на ескалација, без посериозен дипломатски ангажман од страна на американската влада, пренесува Reuters.

Последните два дена донесоа нова ескалација – Индија и Пакистан се обвинуваат за напади со дронови, а пакистанскиот министер за одбрана изјави дека е „сè поизвесна понатамошна ескалација“. Според извештаите, во судирите загинале повеќе од 40 луѓе.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги нарече растечките тензии „срамни“ и изрази надеж дека двете земји ќе најдат начин да ги смират страстите. Стејт департментот ги повика Индија и Пакистан да работат на, како што го нарекоа, „одговорно решение“.

Зачлени се на нашиот е-билтен