Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека САД и Израел не водат „бесконечна војна“ против Иран и дека операцијата ќе биде „брза и решителна“.
„Ги слушам луѓето како велат дека ќе имате бесконечна војна тука – Нема да имате бесконечна војна затоа што… овој терористички режим во Иран е во својата најслаба точка од своето основање. Ова ќе биде брза и решителна акција“, рече Нетанјаху во интервју за Фокс њуз.
Тој рече дека нападите на САД и Израел ќе создадат услови за промена на режимот во Иран, додавајќи дека Техеран ги генерира повеќето од проблемите на Блискиот Исток и дека неговиот пад ќе го отвори патот за нови мировни договори меѓу Израел и арапските и муслиманските земји.
Американските претставници изразија различни ставови за целите на операцијата.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, претходно изјави дека промената на режимот не е цел, туку неутрализирање на ракетните, поморските и нуклеарните закани на Иран.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека САД ја започнале операцијата „Епски бес“ откако процениле дека Иран може да ги таргетира американските цели во регионот, објави „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху одговори со насмевка на тврдењата дека Израел ги вовлекол САД во војна со Иран, нарекувајќи ги таквите обвинувања „смешни“ и нагласувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп донесува одлуки во интерес на Америка.
„Смешно е. Доналд Трамп е најсилниот лидер во светот. Тој прави она што мисли дека е исправно за Америка. Тој прави и она што мисли дека е исправно за идните генерации“, рече Нетанјаху.