Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес, вредна 26 милиони долари, чудесно ја избегна стихијата на пожарот. Имотот, кој актерот и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, бил за влакно спасен од уништување, со пожарот кој запрел непосредно пред нивниот двор.
Домот, со четири спални соби и пет бањи, изгледал недопрен, додека соседната вила на ридот била целосно уништена. Иако Том и Рита засега не се огласиле, се претпоставува дека морале да се евакуираат. Синот на парот, Чет Хенкс, на социјалните мрежи напиша: „Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“.