Ноќевање во Дубаи чини и до 25.000 евра, стек и до 1.200 Евра

Дубаи е симбол на луксуз и раскош, а градот е познат по хотелите кои ги поставуваат највисоките стандарди на светски гламур. Меѓу најпознатите и најскапите хотели во градот е „Бурџ Ал Араб“, кој редовно се опишува како „единствениот хотел со седум ѕвездички во светот“.

Цената за ноќевање во „стандардниот апартман“ на овој луксузен хотел започнува од 1.500 евра, додека најскапиот „Ројал апартман“ може да достигне и до 25.000 евра по ноќ. Гостите на овој хотел можат да уживаат во услуги на лични батлери, превоз со Ролс-Ројс до и од аеродромот, позлатени славини и приватни лифтови, што го прави престојот во него незаборавен.

Нова ексклузивна дестинација во Дубаи е и Atlantis The Royal, отворен во 2023 година. На отворањето настапи светската ѕвезда Бијонсе, а цените на ноќевањето во пентхаус апартманите се движат помеѓу 7.000 и 15.000 евра. За оние кои сакаат да уживаат во апсолутен луксуз, приватните вили на вештачките острови на Палмата нудат ноќевање што може да надмине 30.000 евра!

Во вечерните часови, Дубаи станува дом на светскиот џет-сет, а времето поминато во градот се мери со ексклузивноста и високи цени. Најпознатите ноќни клубови, како што е WHITE Dubai, нудат VIP маси, каде минималната потрошувачка започнува од 1.500 евра, додека масите во првиот ред може да достигнат 5.000 евра за една ноќ. На „Billionaire Mansion“, место кое го посетуваат фудбалери, модели и милијардери, минималната потрошувачка за ВИП делот започнува од 2.000 евра, а шише Дом Перињон чини до 1.000 евра.

CÉ LA VI Dubai, луксузен ресторан и клуб на врвот на хотелот Address Sky View, нуди резервации со панорамски поглед, почнувајќи од 800 евра, со задолжително купување флаширани пијалоци.

За љубителите на гурманската кујна, Дубаи е вистински рај:

Nusr-Et Steakhouse (познат по сопственикот Salt Bae) нуди златен стек за околу 1.200 евра. Вечера за двајца со вино може да чини околу 2.000 евра.

Pierchic, ексклузивен ресторан на вода, нуди дегустациско мени со вина, што може да чини околу 600-800 евра по лице.

At.mosphere во Бурџ Калифа (највисоката зграда во светот) бара резервација за маса која може да чини од 200 до 500 евра, додека вечерата со поглед на облаците може да ве чини 700-1.200 евра по лице.

Дубаи нуди забави како никаде на друго место во светот – но само ако имате пари:

Скијање во Дубаи – затворена скијачка патека во средината на пустината. Цена на ВИП скијачки пакет: околу 500 евра по лице на ден.

Изнајмување на Ламборџини или Ферари: околу 800-1.500 евра за ден.

Лет со хеликоптер над Палма и Бурџ Калифа: околу 600-1.200 евра по лице.

Приватен остров (Светски острови) – изнајмување ексклузивна вила или остров за еден ден започнува од 5.000 евра и нагоре.

Во Дубаи, луксузот е стандард. Поминувањето време во елитни хотели, клубови и ресторани лесно може да ве чини десетици илјади евра за само неколку дена. Не е изненадување што ова се местата каде што картичките брзо се празнат, а паричниците се олеснуваат до точка на болка. Светот на џет-сетот живее и активно се забавува тука – под услов да не имате проблем со трошење на „големи бројки“.

Зачлени се на нашиот е-билтен