Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Норвешка ќе одвои над 20 милиони евра за зацврстување на нуклеарната безбедност на Украина

 Норвешка вчера соопшти дека ќе одвои 250 милиони норвешки круни (приближно 21,5 милиони евра) за зацврстување на нуклеарната безбедност на Украина поради загриженост за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје по уништувањето на браната Каховка, јавија француските меидуми.

„Нелегалната војна што ја почна Русија претставува закана за нуклеарната безбедност и безбедноста во Украина“, се наведува  во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи.

„Нуклеарна несреќа во Украина би имала последици не само за самата Украина, туку и надвор од нејзините граници“, додаде норвешкото Министерство.

Помошта ќе биде поделена преку уплата од 100 милиони Норвешки круни за Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за да им се овозможи на нејзините експерти да одржат присуство на неколку нуклеарни локации во Украина, вклучувајќи ги нуклеарната централа Чернобил и нуклеарната централа Запорожје, и пакет од 150 милиони норвешки круни за зајакнување на безбедноста на објектите.

Средствата ќе бидат земени од Програмата Нансен, повеќегодишен план за помош според кој Норвешка обезбедува цивилна и воена помош во износ од 75 милијарди норвешки круни за Украина за периодот 2023-2027 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен