Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нов инцидент со авион, во Осло се запалил моторот

Авионот на холандската авиокомпанија KLM принудно слета во Норвешка по појава на дим во моторот, без да има повредени патници или членови на екипажот, соопшти полицијата во Норвешка.

Инцидентот се случил синоќа, кога „Боинг 737“, кој летал од Осло за Амстердам, доживеал технички дефект веднаш по полетувањето. Авионот принудно слетал на југот на Норвешка, а сите 182 лица на бордот биле безбедни. Полицијата потврди дека никој не бил повреден.

Зачлени се на нашиот е-билтен