Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нов пакет воена помош од САД за Украина вреден 300 милиони долари

САД најавија дополнителна воена помош за Украина во вредност од 300 милиони долари, за таа да „продолжи храбро да се брани во лицето на руската брутална, неиспровоцирана и неправедна војна“, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

Продолжуваме со поддршката со нашите партнери од Украина додека тие се бранат од руската воена агресија, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

-Делегирано со авторизација на претседателот Бајден, го одобрувам 37-то повлекување американско оружје и опрема за Украина во вредност од 300 милиони долари, изјави Блинкен.

Се работи за пакет безбедносна помош во кој се вклучени муниција за ХИМАРС ракетните системи, хаубици, артилериска и тенковска муниција, противтенковски оружја, ракети и рачно оружје и муниција, камиони и приколки за транспорт на тешка машинерија, како и резервни делови, и друга опрема „потребна за зацврстување на бранителите на Украина на бојното поле“.

-Овој пакет ќе помогне Украина да продолжи храбро да се брани во лицето на руската брутална, неиспровоцирана и неправедна војна. Русија може да ја заврши војната веднаш. Сè додека Русија води војна, САД и нашите партнери ќе стојат обединети покрај Украина толку време колку што е потребно, истакна Блинкен.

Зачлени се на нашиот е-билтен