Нов рекорд на „Бункерот на милијардерите“: Продаден празен плац за 105 милиони долари

Празен плац на ексклузивниот остров Индијан Крик во Мајами, познат како „бункерот на милијардерите“, е продаден за рекордни 105 милиони долари, објавија агенти за недвижнини. Имотот од 0,74 хектари, со поглед на заливот Бискејн, претставува најскапата продажба досега на островот, каде веќе живеат Џеф Безос, Џаред Кушнер и Том Брејди.

Продавачот, германскиот инвеститор Михаил Пелег, го купил земјиштето во 2018 година за 27,5 милиони долари, остварувајќи профит од речиси четири пати повеќе. Иако парцелата првично беше понудена за 200 милиони долари, сепак постигнатата цена го надмина претходниот рекорд на островот, кој изнесуваше 87 милиони долари – исто така платени од Безос во 2024 година.

Агентот Илја Резник, кој ја посредуваше продажбата, ја нарече оваа локација „најдобрата парцела во Мајами“ и посочи дека купувањето е извршено во готово. Идентитетот на купувачот останува доверлив.

Зачлени се на нашиот е-билтен