Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото


Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, во близина на границата со Индија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 16 километри југоисточно од Мандалај, град во Мјанмар со население од околу 1,2 милиони луѓе.

Според ЕМСЦ, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, пренесе ТАС.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар во петокот на 28 март, а потреси се почувствуваа во Бангладеш, Индија, Лаос, Кина и Тајланд.

Кинеската централна телевизија – CCTV утринава објави дека бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Мјанмар се искачи на 2.719.

Во извештајот се наведува дека 4.521 лице се повредени, а повеќе од 400 се водат како исчезнати.

Зачлени се на нашиот е-билтен