Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да присуствува на самитот на Г-20 во Индија оваа недела, откако по неодамнешните тензии, билатералните односи меѓу двете земји остануваат замрзнати.
Aналитичарите сметаат дека дека отсуството на Си може да претставува омаловажување за Делхи или дел од очигледниот притисок на Пекинг да ги издигне останатите мултилатерални блоковите кои не се сметаат за доминирани од САД.
Присуството на Си Џинпинг на Г-20 овој викенд беше целосно отфрлено откако кинеското Министерство за надворешни работи објави дека тимот ќе го предводи премиерот на земјата, Ли Кианг.
Како што пренесува Гардијан, тоа ќе биде прв пат кинески лидер да не присуствува на самитот на лидерите на Г-20 од првиот што се одржа во 2008 година, иако Си присуствуваше практично само во 2020 и 2021 година поради пандемијата.
Аналитичарите сугерираат дека отсуството на кинескиот претседатели би можело да значи омаловажување за земјата домаќин, Индија, со која Кина е вмешана во гранични спорови. Тоа, исто така, може да биде дел од очигледниот притисок за издигнување на другите мултилатерални групи над оние кои се сметаат за доминирани од САД.
Откако официјален Пекинг потврди дека нејзиниот лидер Си Џинпинг нема да присуствува на состанокот, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан побара од Кина да ги остави настрана прашањата со Индија и да одигра „конструктивна улога“ на претстојниот самит на Г-20, пренесува Би-Би-Си.
Саливан изјави дека зависи од Кина ако наместо тоа, сака да ја игра улогата на „расипувач на забави“.
Индија ќе биде домаќин на самитот во главниот град Делхи на 9 и 10 септември.
Ниту Индија, ниту Кина, двете членки коосновачи на БРИКС, не дадоа конкретни причини за отсуството на Џипинг. Кина соопшти дека наместо тоа, премиерот Ли Кианг ќе ја предводи својата делегација на самитот.
Индија и Кина имаат замрзнати односи и тензиите меѓу двете земји се влошија од 2020 година, кога нивните војници беа вклучени во смртоносен судир во долината Галван во Ладах.
Изворот на тензијата меѓу соседите е спорната 3.440 километри долга де факто граница долж Хималаите – која е слабо демаркирана и војниците од двете страни доаѓаат лице в лице на многу точки.
Минатата недела, двете земји влегоа во дипломатски спор поради „официјалната карта“ објавена од Кина, за која Индија рече дека има право на нејзина територија. Пекинг одговори велејќи дека Делхи треба да се воздржи од „претерано толкување“ на прашањето.
Како што објави Цивил Медиа во понеделникот, причина за зголемување на тензиите помеѓу двете земји членки и ко-основачи на БРИКС беше „oфицијалната карта“објавена од Пекинг, што го прикажува територијалниот суверенитет на Кина врз индиските територии во североисточен Аруначал Прадеш и спорната област Аксаи Чин на западната граница и ги вклучува и Тајван и целото Јужно Кинеско Море, која беше целосно отфрлена од Индија, на што се придружија Малезија, Филипини и Тајван.
Запрашан од новинарот на брифингот со новинарите дали тензиите меѓу Индија и Кина ќе го засенат самитот, Саливан рече дека тоа е „зависно од Кина“.
„Ако Кина сака да влезе и да ја игра улогата на „расипувач на забави“, се разбира, таа опција им е достапна“, рече тој.
Но, тој додаде дека претседавачот на самитот – Индија – САД и „секоја друга членка“ на Г-20 ќе ја охрабрат Кина „да влезе на конструктивен начин за климата, за мултилатералните реформи на банката за развој, за олеснување на долговите, за технологијата и настрана геополитичките прашања и навистина се фокусира на решавање на проблемите и испорака за земјите во развој“.
Г20 – или Групата на дваесет – е клуб на земји кои се состануваат за да разговараат за плановите за глобалната економија. Земјите од Г20 учествуваат со 85% од светското економско производство и 75% од светската трговија. Тие содржат две третини од светската популација.
Драган Мишев (CivilMedia)