Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новоизбраниот претседател на Кипар, Никос Христодулидис, официјално ја презеде должноста

 Новоизбраниот претседател на Кипар Никос Христодулидис денеска официјално ја презеде функцијата на церемонија одржана во Претставничкиот дом.

Во говорот во Парламентот и во присуство на претходниот претседател Никос Анастасиадис, според кипарските медиуми, Христодулидис се осврнал на неопходноста за решавање на кипарското прашање, на приоритетите во надворешната политика, во економијата и најавил надградба на институционалната соработка.

Паралелно, утрово беше соопштен и составот на новата кипарска Влада, а за утре е закажана првата владина седница.

Христодулидис (49) во  периодот од март 2018 до јануари 2022 беше министер за надворешни работи, а на изборите на 12 февруари беше избран за осми претседател на Кипар. 

Зачлени се на нашиот е-билтен