Њујорк Тајмс: Путин во преговорите со САД гледа пошироки цели, а не крај на војната

Фото: Kremlin.ru, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Рускиот претседател Владимир Путин ги користи преговорите со САД како инструмент за пошироки геополитички цели, а не за завршување на војната во Украина, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на извори во Кремљ.

Според руските официјални лица, Москва ги гледа разговорите за Украина и односите со Вашингтон како два одделни процеси.

Иако американскиот претседател Доналд Трамп инсистира на прекин на непријателствата, Путин повеќе се фокусира на обновата на економските односи со САД. Русија не сака оваа соработка да зависи од решавањето на војната во Украина, тврдат извори од конференцијата за безбедност во Делхи.

Русија продолжува со офанзивата, додека паралелно се развива „билатерална агенда“ меѓу Путин и Трамп, независна од украинскиот конфликт, вели Вјачеслав Никонов, руски пратеник. Кремљ гледа потенцијал за соработка со САД во економијата, енергетиката и вселенската индустрија.

На забелешките дека европските земји се изоставени од преговорите, Путин одговори дека фокусот е на руско-американските односи, а не на посредништво од трети страни.

Според Путин, првата средба меѓу руски и американски претставници по долго време е само почеток на обнова на односите во различни сфери, а не клучен чекор кон прекин на конфликтот во Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен