Њујорк Тајмс: САД одобриле трансфер на повеќе од 200 ракети од Германија во Украина

Претставник на американскиот Конгрес изјави дека САД одобриле трансфер на повеќе од 200 ракети од Германија во Украина, објави весникот „Њујорк тајмс“. 

Неименуваниот функционер изјави дека станува збор за 125 ракети со долг дострел, како и за 100 ракети за ракетните системи за противвоздушна одбрана „Патриот“. 

Како што наведува весникот, ова оружје кое е од клучно значење се произведува во САД и не може да се извезува без одобрение од американската Влада, дури и ако е во сопственост на друга земја.

Западните сојузници на Украина се договараат за тоа да испратат дополнителни американски системи за воздушна одбрана „Патриот“ до украинската војска пред самитот на НАТО во Хаг во јуни, изјави пред неколку дена неименуван добро информиран извор. Изворот наведе дека САД и Грција се меѓу потенцијалните добавувачи на тие системи.

Зачлени се на нашиот е-билтен