Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Њујорк Тајмс: Украина сè уште го чека оружјето кое го плати, некои донирани оружја од сојузниците се неупотребливи

Украина не добила дел од оружјето што го платила однапред. Некои оружја донирани од сојузниците биле во лоша состојба, употребливи само за резервни делови, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи две лица запознаени со ова прашање.

Според документите на украинската влада како што јавува Њујорк Тајмс, од крајот на минатата година, Киjив им платил на добавувачите на оружје над 800 милиони долари за договори кои биле целосно или делумно неисполнети.

Неименуваните извори вклучени во купувањето оружје од Украина изјавија за Њујорк Тајмс дека дел од опремата што недостасувала на крајот била префрлена во Украина, додека во други случаи агентите ги вратиле парите.

Еден од изворите додаде дека од почетокот на пролетта во 2023 година, Кијив платил стотици милиони долари за оружје што никогаш не било испорачано. Некои од исплатите отишле на државните претпријатија во Украина.

Њујорк Тајм сго цитира и Володимир Хаврилов, заменик-министер за одбрана на Украина задолжен за набавка на оружје, кој потврди дека некои оружја не пристигнале, иако земјата платила за тоа. Според Хаврилов, владата почнала да ги анализира своите претходни набавки и да ги блокира проблематичните набавувачи.

Додека украинските власти во голема мера се воздржуваат од жалење за расипаната опрема, Кијив „се измори“ од уверувањата дека има доволно западно оружје бидејќи некои пристигнуваат во неупотреблива состојба и мора да бидат отстранети од борба, изјави за Њујорк Тајмс неименуван висок украински функционер.

Околу 30 отсто од арсеналот на Кијив е постојано под поправка, што е проблематично за армијата на која и треба сето оружје што може да го добие за време на активна контраофанзива, според експертите за одбрана, цитирани од медиумот.

Западните земји приложија милијарди долари за одбранбената помош на Украина од почетокот на целосната инвазија на Русија на 24 февруари 2022 година.

На 13 јуни, Министерството за одбрана на САД објави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 325 милиони долари, кој вклучува оклопни возила, ракетни фрлачи и муниција.

Најново