Обид за шверц на марихуана и хашиш во новогодишни украси и играчки

Марихуана и хашиш во вредност од повеќе од 500.000 евра (530.000 долари) се пронајдени сокриени во минијатурни новогодишни елки и играчки, објавија во саботата германските цариници на аеродромот во Келн/Бон, јави денеска ДПА.

Дрогата, околу 19 килограми марихуана и околу 6 килограми хашиш со потекло од САД и Канада, била откриена во раните утрински часови во петокот, кога во Германија и во други земји се одбележува како Ден на Свети Никола и е поврзан со размена на дарови.

„Шверцерите постојано се обидуваат да ги сокријат своите пратки со дрога во огромни количини во божиќни пакети“, се вели во извештајот.

Дрогата која била пронајдена во осум одделни пратки е уништена.

Зачлени се на нашиот е-билтен