Од април 2025 нов електронски систем за влез во Обединетото Кралство

Обединетото Кралство воведува нов систем за електронски дозволи за патување (ETA – Electronic Travel Authorization), кој ќе биде задолжителен за сите патници кои влегуваат во земјата без виза. Овој систем ќе стапи на сила од 2 април 2025 година.

Аплицирањето за ЕТА ќе се врши онлајн и ќе трае до три дена за обработка. Дозволата ќе овозможи престој во Обединетото Кралство до шест месеци за туризам, бизнис или краткорочна обука. Патниците кои пристигнуваат во рамките на Програмата за креативни работници ќе можат да останат до три месеци. ЕТА исто така ќе овозможи транзит низ аеродромите или влез за овластен платен ангажман.

Сепак, постојат ограничувања за носителите на ЕТА. Тие нема да можат да работат за британска компанија или како самовработени, освен ако не се занимаваат со овластена платена дејност. Дополнително, нема да имаат пристап до социјални бенефиции, ниту ќе можат да ја користат ЕТА за склучување брак или граѓанско партнерство. Трошокот за добивање на ЕТА ќе биде 10 фунти, а ова барање ќе се однесува и на децата и доенчињата. Апликацијата за ЕТА ќе биде достапна преку мобилни апликации на App Store и Google Play.

За повеќе информации и аплицирање, посетете ја официјалната веб-страница на британската влада.

Зачлени се на нашиот е-билтен