Една од највлијателните финансиски институции во светот, американската банка ЏП Морган Чејс (JPMorgan Chase & Co), неодамна објави анализа во која се дискутираат можните начини за ставање крај на руско-украинскиот конфликт.
Извештајот насловен „Крајот на играта Русија-Украина и иднината на Европа“, прикажува пет сценарија, рангирани од најповолно до најнеповолно за Западот. Но, кој од нив најмногу би одговарал на интересите на Русија?
- „Јужнокорејско“ сценарио (15% веројатност)
Најпосакуваниот исход за Западот – според овој модел, Украина задржува 80% од својата територија, не влегува во НАТО, но добива огромна помош од Западот, вклучувајќи ги и замрзнатите руски резерви од 300 милијарди долари. - „Израелско“ сценарио (20%)
Сè уште е прифатливо за Западот ако Украина станува воена тврдина без преседан. Според оваа анализа, Киев секогаш би бил подготвен за одбрана. Добива силна воена и економска поддршка, но без присуство на странски војници. За возврат, Русија би добила делумно укинување на санкциите и подобрување на односите со САД. - „Грузиско“ сценарио (50%)
Најверојатниот исход според гледиштето на ЏП Морган Чејс е дека Украина не би станала земја членка на НАТО или ЕУ. Странската помош би слабеела, економскиот колапс на земјата во таквата ситуација би предизвикувал политичка нестабилност, а државата полека би се вратила на руското влијание. - „Белоруско“ сценарио (15%)
Најлош исход за САД во оваа анализа е доколку Западот се откаже од Украина. Тогаш Русија би инсистирала на максималистички барања и би дошло до капитулација на Украина, која станува вазална држава на Москва. Западот би се поделил, а поредокот по Втората светска војна би се урнал полека.
Иако овој модел беше наречен „белоруски“, аналитичарите забележуваат дека Белорусија ја задржа политичката автономија во рамките на Федералната држава со Русија, наспроти целосната зависност што Украина би ја имала со ова сценарио.
- „Трета светска војна“ – тивок, но можен исход
Ниту едно од горенаведените сценарија не го покрива она што некои го гледаат како најреална и најопасна опција: ескалација во глобален конфликт.
Сепак, додека Украина и Русија продолжуваат да трошат луѓе и ресурси во долготрајна војна, Западот ги засилува воените подготовки: милитаризира индустрии, разместува сили во Источна и Северна Европа и гради медиумска и економска основа за можна поширока конфронтација. Според руските проценки, следниот чекор би можел да биде провокација од Балтикот или Финска, што би ја принудило Москва да отвори вториот фронт за одбрана на Калининград.
Пред таков развој, Русија би стоела пред две крајни опции: употреба на тактичко нуклеарно оружје за одвраќање или класична војна со мала шанса за успех против засилената западна алијанса.
Од руска гледна точка, според пишувањата на западните медиуми најминималната прифатлива опција би била „грузискиот модел“ – ограничена победа и замрзнат конфликт. Идеалниот „белоруски модел“, со целосна контрола врз Украина, делува сè пооддалечен. Најопасната, но сè почесто присутна сенка во геополитичките пресметки, останува опцијата за глобална ескалација – Трета светска војна – сценарио што никој јавно не го заговара, но многумина стравуваат од него.