Повеќе од 14.000 мигранти од почетокот на годината пристигнале во Велика Британија преку каналот Ла Манш.
Според податоците на британското Министерство за внатрешни работи само вчера 297 луѓе го преминале Ла Манш со шест чамци, што значи дека во просек имало околу 50 мигранти на брод.
Од почетокот на 2023 година, вкупниот број на пристигнувања изнесува 14.071.
На 18 јули Ла Манш го поминале 574 луѓе, што е втор највисок еднодневен премин оваа година. Вкупниот број сè уште е помал во споредба со истиот период минатата година, кога вкупно повеќе од 15.000 луѓе го поминаа Ла Манш.
За цела 2022 година пријавени се 45.755 преминувања на Ла Манш.