Одам на трет мандат, не се шегувам, изјави Трамп

Републиканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не се шегува кога зборувал за евентуален трет претседателски мандат, што е забрането со Уставот на САД, но дека е премногу рано да се размислува за тоа.

Трамп, кој ја презеде функцијата по втор мандат во Белата куќа на 20 јануари, имаше индиректни алузии на трета кандидатура, но тој директно го спомна тоа во денеска во телефонското интервју што го даде за NBC News.

„Не, не се шегувам. Не се шегувам“, рече Трамп. „Но, премногу е рано да се размислува за тоа“.

„Постојат методи со кои можете да го направите ова, како што знаете“, рече тој.

Сепак, тој одби да објасни кои се методите.

Американските претседатели се ограничени на два мандати од четири години, според 22-от амандман на американскиот Устав.

Трамп првпат беше избран за претседател од 2017 до 2021 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен