Во текот на изминатото деноноќие, во Велика Британија се регистрирани околу 30.000 удари од гром, проследени со поплави и лизгања на земјиштето, особено по најтоплиот ден во годината кога температурата достигна 29,4 °C во Сафолк.
Британската метеоролошка служба издаде жолто предупредување за невреме кое ги зафати југозападна, североисточна и северна Англија, Велс и голем дел од Шкотска. Според Sky News, „огромното мнозинство“ удари од гром биле забележани над морето.
Метеоролозите предупредуваат дека во одредени подрачја може да наврнат до 50 мм дожд во само неколку часа, со опасност од град, силни ветрови и пореметувања во електричната мрежа.
Агенцијата за животна средина апелираше граѓаните да не возат низ поплавени патишта, нагласувајќи дека дури и 30 сантиметри вода се доволни за да се помести автомобил.