Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Околу 300 илјади Израелци протестираа поради владините реформи во правосудството

Голем број Израелци излегоа на улиците, деветта недела по ред, протестирајќи против владините реформи во правосудството.

„Џерузалем пост“ објави дека околу 300.000 граѓани протестирале низ целата земја, пренесува МИА.

Портпаролот на израелската полиција изјави дека околу 200 демонстранти го пробиле полицискиот кордон во Хашалом во Тел Авив, запалиле ракети и дека полицијата се обидела да ги спречи.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново