Орбан и неговата Фидеш ја губат довербата меѓу унгарските граѓани и во 2026 година, за кога се предвидени следните избори, може да си заминат од Владата.
Ова го покажуваат најновите податоци на Poll of Polls, алатката за следење на расположението на избирачите што ги пренесува Политико.
Во актуелниот изборен тренд за парламентарните избори во Унгарија води TИСА со 40%, по што следува Фидеш на Орбан со 36% поддршка од граѓаните.
Она што е интересно е трендот кај двете партии, од кои оној на ТИСА има стабилен раст, додека трендот на Фидеш е во нагласено опаѓање.
То се потврдува и кога ќе се споредат најновите со претходните извештаи кога ТИСА имаше мала предост од само еден процент, додека сега, според показателите од минатата недела, разликата е дури 4 индексни поени.
Партиите после ТИСА и Фидеш имаат далеку помал рејтинг според кој Алијансата за дијалог, Движењето за татковината, Партијата на кучето со две опашки и Движењето за подобра Унгарија, имаат меѓу 8% и 1% доверба кај гласачите.
Партијата ТИСА е предводена од Петер Маѓар, поранешен член на партијата на Орбан и поранешен сопруг на поранешната министерка за правда, Јудит Варга. Тој својата популарност почна да ја гради во февруари минатата година, кога даде оставка од сите владини функции и изрази јавно незадоволство од начинот на владеење на Фидеш.
На европските избори, Тиса освои 30 отсто до гласовите, што е најголем процент од било која партија која се натпреварува против Фидеш на избори во Унгарија од 2006 година.
