Орбан: Јас сум Марин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа Х објави „Je suis Marine!“, односно „Јас сум/ја поддржувам Марин“.

Тоа е реакцијата на Виктор Орбан реагираше на пресудата за Марин Ле Пен.

За потсетување, судот во Франција денеска ја прогласи за виновна, наведувајќи дека и е забрането да се кандидира за јавна функција и дека забраната стапува во сила веднаш.

Сѐ уште не е објавено колку ќе трае забраната.

Доколку трае пет години, како што побара обвинителката, Марин Ле Пен нема да може да се кандидира на претседателските избори во 2027 година, на кои според предвремените анкети имала добри шанси да победи.

Зачлени се на нашиот е-билтен