Во опширно интервју за швајцарскиот весник Die Weltwoche, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја иницираше иницијативата европските сојузници да формираат свој воен блок сличен на НАТО.
„Земјите од Европската унија треба да формираат свој одбранбен сојуз, без Соединетите Американски Држави, бидејќи САД често ги реализираат своите лични интереси кога се занимаваат со меѓународни безбедносни прашања“, најави унгарскиот премиер.
Тој смета дека земјите од Европската унија треба да преземат дополнителни напори да ја зајакнат својата безбедност и да можат да се одбранат без да се потпираат на помошта на Америка.
„Европското НАТО би било идеално решение. Јас го предложив уште во 2012 година“, рече Орбан.
Тој исто така рече дека пристапот на западните земји во агресијата против Украина го одредуваат САД, додека Европа го губи својот идентитет „во емоционална и интелектуална смисла“.
Според него, многу нации, вклучително и Арапите, Бразилците, Индијците, Кинезите и Турците сакаат конфликтот во Украина да заврши што е можно побрзо.
„Западот ја загуби способноста да го обедини светот за една единствена цел. Основните принципи на филозофијата се ограничени во просторот. Ова е нов феномен“, додаде Орбан во интервју за споменатиот медиум.
Б.Јовановски (НОВА ТВ)